Почетна > Балкан > Легендата на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, добива вечно место во градот Пула

Легендата на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, добива вечно место во градот Пула

///
Comments are Off

Во Пула беше претставена иницијатива за подигнување споменик на легендарниот пејач и фронтмен на „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски. Градот веќе го прогласи за почесен граѓанин, а неговиот уникатен вокал и харизма засекогаш остануваат запишани во историјата на балканската рок сцена.

Во рамките на тековната јубилејна турнеја „50“, бендот минатиот петок, на 15-ти август, приреди спектакуларен концерт во Пулската арена. Настанот беше означен како нивниот најголем независен концерт на отворено, а емоциите на публиката ја потврдија нераскинливата врска помеѓу фановите и музиката на „Парни Ваљак“.

Аки Рахимовски, кој почина на 22 јануари 2022 година на 66-годишна возраст, остави длабок белег во културното и музичкото наследство на регионот. „Парни Ваљак“ продолжува да настапува во негова чест, носејќи ја неговата енергија и наследство на нови генерации љубители на рок музиката.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Година на музика, страст и традиција: Нови проекти, кавери и видеа во 2026-та што ќе се паметат (Видео)
Празничната атмосфера продолжува во „На Здравје“ – недела во 20 часот само на Балкан Мјузик (Видео)
Додека ние броевме секунди – ѕвездите броеја евра: Најскапите балкански настапи за Новата 2026 година
Пред 8.000 илјадна публика Борче Наумовски – Министерот за естрада и Нокаут ја раздвижија Битола до последна секунда (Фото)