Кристина и Слободан Трајанови го објавија новиот сингл „Ќерката ни порасна“ – песна која веќе ги освојува срцата на слушателите со својата емоција, радост и балкански дух. Како што неодамна Балкан Мјузик телевизија пишуваше, снимањето на оваа музичка приказна се одвиваше во Солун, соседна Грција каде што артистите уживаа во сонцето, морето, плажите и незаборавната атмосфера што ја нуди овој град – вистинска атракција за сите млади брачни парови.
„Песната „Ќерката ни порасна“ е вистинска химна посветена на сите ќерки кои, како ластовици, заминуваат во нови животни предизвици кога ќе пораснат и носат светлина во животите на нивните семејства. Горди сме што оваа емоција успеавме да ја преточиме во музика и слика“, велат Кристина и Слободан Трајанови.
Музиката ја потпишува Слободан Трајанов, додека текстот и аранжманот се дело на Љупчо Соколовски – Бубе и Слободан Трајанов. Магичниот звук е обликуван во студиото City Sound, а видеоспотот е реализиран од тимот на Арт Студио продукција. Во главните улоги се најдоа стилистите Ана Марија и Филип, кои совршено ја доловија приказната за ќерката која порасна и го најде својот животен сопатник. А во него на хармоника се појавува и Петар Трајанов, син на Кристина и Слободан Трајанови.

Во спотот, кој е достапен на официјалниот YouTube канал на Арт Студио, совршено се пренесува свадбената еуфорија, балканскиот чочек ритам и магијата на посебните моменти „…чочек нека ечи, ритам нека грми, свадба ни е денеска“, пеат Кристина и Слободан со енергија што буди радост и носталгија.
Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете новиот видеоспот и истовремено да ја слушнете најновата песна, химна за сите ќерки – „Ќерката ни порасна“.