Јелена Карлеуша, поп-дива позната по своите провокативни сценски настапи, динамични аранжмани и остри текстови, повторно ги помести границите – овојпат со неочекуван избор. Пејачката ја објави својата верзија на баладата „Едно ѓубре обично“, песна која пред повеќе од една деценија ѝ донесе популарност на пејачката Катарина Грујиќ.
Овој нов музички зафат е дел од проектот „Нов звук“, кој се реализира по повод 20 години кариера на продуцентот Дамир Хандановиќ. Проектот има за цел да ги приближи познатите хитови на нов начин, преку очите и гласовите на нови, но и веќе докажани изведувачи.
Во нејзино препознатливо стилско преправање на песната, Карлеуша успеа да внесе сопствена емоција, енергија и интерпретативна моќ. Видеото и аудио верзијата веќе вртоглаво се споделуваат на социјалните мрежи, а фановите со восхит коментираат дека „овој звук од неа не го очекувале – но го посакувале“.
„Малку поинаков звук од мене, но со големо срце. Ќе слушнете, во секој случај…“, напиша Карлеуша на својот Фејсбук профил, најавувајќи и продолжување на соработката со Хандановиќ на нови оригинални песни.
Иако во текот на својата кариера главно се држеше до електронски, брзи поп-аранжмани, Јелена со оваа интерпретација покажува дека умеe да биде и ранлива, и нежна – но сѐ уште моќна и гласна. Со овој потег, таа не само што ѝ оддаде почит на помладата колешка, туку и уште еднаш потврди зошто со години е во самиот врв на балканската сцена.
Проектот „Нов звук“ продолжува со уште неколку изненадувања, а музичката јавност со нетрпение очекува кои познати песни ќе добијат ново руво во изведба на врвни балкански ѕвезди.