Почетна > Македонија > И оваа недела, „На Здравје“: Песна, емоција и традиција што не се заборава! (Видео)

И оваа недела, „На Здравје“: Песна, емоција и традиција што не се заборава! (Видео)

///
Comments are Off

Ако сакате музика што ќе ве крене на нозе, ако обожавате добра македонска песна и сакате да уживате во вистинска атмосфера, тогаш неделата е резервирана за „На Здравје“!

И оваа недела, ве очекува емисија полна со душа, традиција и незаборавни ноти. Специјални музички гости и реномираната Група Круна ќе ја донесат вистинската македонска веселба во вашите домови, додека секогаш оргиналниот и незаборавен Орде Неделковски ќе ве води низ уште една неповторлива музичка приказна.

Затоа, пуштете ја телевизијата, зголемете го звукот и подгответе се за вистинско уживање. Ве очекуваме во недела, премиерно во 16:00 часот на Алфа телевизија, а доколку сакате реприза на веселбата – во 20:00 часот на Балкан Мјузик телевизија.

Не заборавајте – добрата песна и македонската традиција секогаш се слават со „На Здравје“!

Може да ви се допаѓа и
Кога сите ја отпишаа „Јорговани“ – само Весна Змијанац знаеше дека ќе биде хит (Видео)
Чолиќ повторно удира во срце: „Не дај да остарим сам“ е новата химна за љубовта (Видео)
Емоција, љубов и музика: Вукица Челебиева со видеоспот ја промовираше новата песна „Златен клуч од срцето“ (Фото+Видео)
Jack Daniel сними нов спот за песната „Во Скопје“ – фанк атмосфера на скопските улици (Фото)