Почетна > Балкан > И официјално развод по 25 години: Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведоа

И официјално развод по 25 години: Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведоа

///
Comments are Off

По 25 години брак, познатата српска пејачка Драгана Мирковиќ и австрискиот бизнисмен Тони Бијелиќ официјално ставија точка на својот брак. Според австриски медиуми, Драгана уште пред 13 месеци поднела барање за развод и веќе ги потпишала сите потребни документи пред надлежен суд во Австрија.

Иако нивната разделба долго време беше предмет на шпекулации, сега е потврдено дека двојката повеќе не е заедно. По заминувањето на Тони од нивниот замок на периферијата од Виена, пејачката остана сама во раскошниот имот, уреден до последен детаљ во модерен стил.

Богатството што го стекнале низ годините, според проценките на „Net Worth Celebrities“, надминува 100 милиони долари. Значаен дел од него доаѓа од нивните заеднички деловни потфати – пред сè од телевизијата на која Драгана е сопственик и директор од 2005 година, како и од нивната компанија за продажба на луксузни автомобили, која веќе десет години успешно работи.

Според достапни информации, Тони ѝ го препишал својот дел од имотот на поранешната сопруга, вклучувајќи и делови од имотите кои ги поседуваат во Австрија и на Балканот. Иако нивниот заеднички живот заврши, професионалните и материјалните резултати од бракот остануваат значителни.

Како ќе изгледа животот на Драгана Мирковиќ по разводот, останува да се види, но со оглед на нејзината долгогодишна кариера и стабилна деловна позиција, јавноста очекува таа и натаму успешно да чекори самостојно.

Може да ви се допаѓа и
„Дрим тим и пријателите“ – нов јубилеен музички проект во чест на 25 години музичка приказна
Вечниот град – Рим, мотивација за Анета Љумаковска и снимањето за најновиот видеоспот за песната „Жена“ (Фото)
4U Band со нов музички ТВ проект на Балкан Мјузик телевизија: Светски хитови во ново македонско издание
Фолк легендата Миле Кузмановски со голем јубилеен концерт во МОБ – 35 години музика и емоции