Почетна > Македонија > Пет години музика, пријателство и македонска душа – „Група Круна“ прослави 5 години од своето постоење (Видео)

Пет години музика, пријателство и македонска душа – „Група Круна“ прослави 5 години од своето постоење (Видео)

///
Comments are Off

Во топла, семејна атмосфера, исполнета со музика, пријателство и искрени емоции, „Група Круна“ вчера го прослави својот петти роденден во новиот дом на Џељо Дестановски. Празникот помина онака како што доликува на оваа прекрасна екипа – со песна, насмевки и искрена благодарност за сите убави моменти што групата ги создаде во изминатите пет години.

Иако е млада по години на постоење, „Група Круна“ за кратко време стана симбол на добра забава, професионализам и музички квалитет. Основана од Орде Неделковски и Џељо Дестановски, групата уште од самиот почеток функционира како вистинско семејство – „рамо до рамо“, како што велат и самите фронтмени. Со братска слога и посветеност, тие успеаја да изградат бренд што денес има свое место не само на македонската, туку и на балканската музичка сцена.

Во составот на „Група Круна“, покрај основачите, се и Али Махмудов, Влатко Китаноски, Горан Мирковски, како и најновиот член – Иван Трајковски. Заедно, овие музичари создадоа бројни хитови кои веќе станаа дел од секоја прослава: „Ти си ми се“, „Свадба ќе правиме“, „Наде, моме убаво“, „Бекрија“, „Мајко“, „Ајде Џељо мајсторе“ и „Ние сме Македонци“ – песни кои не само што ги обележуваат нивните настапи, туку се пеат и од публиката низ целиот Балкан, Европа, Австралија и Америка.

„Велат – сложни браќа куќа градат, и навистина, ние со многу љубов и труд ја изградивме оваа наша музичка куќа, „Група Круна“, велат Орде и Џељо.

Само еден ден по роденденот, членовите на групата повторно се вратија во студио – каде што започна работата на нова песна, ветување кое му го дадоа на своето верно следбеништво.

„Благодарни сме на Бога за хармонијата и енергијата што владее меѓу нас. Се надеваме дека ова е само почеток и дека ќе дочекаме уште многу јубилеи – зошто да не, дури и 50 години постоење,“ порачуваат од групата.

Со постојани настапи, нови проекти и безрезервна љубов кон музиката, „Група Круна“ не застанува тука. Напротив – продолжува во истото темпо, со уште поголема инспирација, решена да ја чува и негува македонската култура и традиција преку песната и орото.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
4U Band со нов музички ТВ проект на Балкан Мјузик телевизија: Светски хитови во ново македонско издание
Фолк легендата Миле Кузмановски со голем јубилеен концерт во МОБ – 35 години музика и емоции
Додека Македонија ги брои изборните резултати, „На Здравје“ ќе ги брои песните – трета епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)
„Ориентал Бенд“ прослави 14 години успешна кариера, музичка магија и многу забава (Видео)