Почетна > Македонија > „Бијело дугме“ го презакажува концертот во Скопје за 31 мај

„Бијело дугме“ го презакажува концертот во Скопје за 31 мај

///
Comments are Off

Поради трагедијата во Кочани, организаторите и менаџментот на „Бијело дугме“ донесоа одлука да го презакажат концертот во Скопје, кој првично беше закажан за 12 април. Новиот датум за настапот во арената „Борис Трајковски“ е 31 мај 2025 година.

„Во овие чувствителни моменти, сметаме дека е прерано за концерт. Токму затоа, заедно со ‘Бијело дугме’, одлучивме настапот да го одложиме. Сите купени билети остануваат важечки за новиот датум“, соопштија од Прагма продукција.

Од продукцијата додаваат дека интересот за концертот е огромен и дека билетите се при крај. „Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 31 мај!“, порачаа организаторите.

Може да ви се допаѓа и
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)
Два дена без сон – Пехчево повторно ќе живее во ритамот на најголемиот фестивал на дувачки оркестри (Фото)
Со спектакуларна промоција на два нови музички проекти Маестро Александар Ицов одбележа 10 години музичка кариера (Фото+Видео)
Замина еден од најголемите македонски музичари – Почина Владо Јаневски