Почетна > Балкан > Драгана Мирковиќ приреди спектакл во Софија и доби „Grand Oscar 2024“

Драгана Мирковиќ приреди спектакл во Софија и доби „Grand Oscar 2024“

///
Comments are Off

Арена Софија, најголемата сала во Бугарија, беше премала да ги прими сите што сакаа во живо да ја видат Драгана Мирковиќ на сцена. Балканската музичка ѕвезда им се оддолжи на своите обожаватели со спектакуларен концерт за паметење. Хитовите се редеа еден по еден, а публиката од сите краишта на Бугарија пееше во еден глас со својата омилена пејачка.

Врвниот момент на вечерта беше кога Драгана ја доби наградата „Grand Oscar 2024“ како најголема музичка легенда на Балканот. Во најголемото гласање таа убедливо го освои првото место, а бидејќи не можеше да присуствува на свеченото доделување на наградите, признанието ѝ беше врачено токму на овој незаборавен концерт.

„Неповторливата Драгана Мирковиќ е добитник на специјалната награда „Балканска музичка легенда на сите времиња“, признание за нејзината четириесетгодишна кариера што засекогаш ја промени музичката сцена“, стои во официјалното соопштение, во кое ја нарекоа „музичка кралица на Балканот“.

„Ви благодарам на сите што гласавте за мене! Публиката отсекогаш била мојата сила – и во најубавите и во најтешките моменти. Ова е обврска за мене да не застанам, туку да продолжам да ви носам љубов и музика, како што сте навикнати од мене“, изјави Драгана, додека салата одекнуваше со скандирања „Легенда, Легенда!“

Следната година, на 14 март, таа повторно ќе настапи во истата сала, што е и очекувано, бидејќи е единствената пејачка од српското говорно подрачје која има фан-клуб во Бугарија со повеќе од половина милион членови.

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)