Почетна > Балкан > Бреговиќ на црна листа во Летонија поради настапи на Крим

Бреговиќ на црна листа во Летонија поради настапи на Крим

///
Comments are Off

Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ е ставен на т.н. црна листа на Летонија, по одлука на министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис, на предлог на Националната служба за безбедност на оваа земја.

Како што пренесува летонскиот портал LSM+, одлуката е донесена поради, како што се наведува, „поддршка на агресијата против Украина“ и учество на јавни настани на окупираните територии.

„Ние како Летонија стоиме цврсто зад Украина и оваа одлука е јасна порака дека поддршката за руската агресија не е прифатлива“, изјави министерот Козловскис.

На Бреговиќ му се забележува што од 2014 година неколку пати настапувал на Крим, кој е меѓународно признат како украинска територија, но е под руска окупација. Летонските власти побарале од организаторите на културни настани да бидат внимателни при изборот на уметници, особено оние кои со своето присуство или изјави би можеле да предизвикаат меѓуетнички тензии.

„Присуството на личности кои ја поддржуваат руската агресија не е во интерес на безбедноста на нашата земја“, стои во соопштението на Националната служба за безбедност на Летонија.

Минатата година, Летонија ја прошири својата црна листа со вкупно 480 странски државјани, следејќи ги препораките на безбедносните институции.

Може да ви се допаѓа и
„Танец“ тргнува на голема балканска турнеја – ритамот на македонската душа ќе одекнува низ регионот
Десет години без Уснија Реџепова: Жената што остави вечен печат во музиката (Фото)
Неготино ќе пулсира во ритамот на музиката – доаѓа „Неготинската музичка вечер“
75 години стил и харизма: Јосипа Лисац – „Мала пауза пред она што доаѓа“ (Фото)