Почетна > Ексклузивно > BalkanMusicTv – музика за сите континенти…

BalkanMusicTv – музика за сите континенти…

///
Comments are Off

Нашето мото дека “МУЗИКАТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ И СПЛОТУВА” изминативе седмици полека добиваат на се поголемо значење. Она за што најмногу се залагавме, презентацијата на добрата македонска музика со која можеме да се гордееме во недоглед, и шареноликите балкански звуци за сите наши генерации и вкусови, полека ни се враќа преку гледаноста. И не само овде преку А1, Телеком, Неотел и сите локални кабелски оператори, и не само во Бугарија преку Telekom Grup, Kabel Sat Zapad, Vin TV i Vega, далечна Австралија која не следи преку Flip TV и тамошните кабелски оператори, Net Tv Plus i IP операторите преку кои не следат во секој дом на Балканот, Европа, Америка …едноставно кажано, нашиот сигнал стигнува на сите четири страни од светот. А со него и сите звуци што ви ги нудиме,  со најголем акцент се разбира на македонската народна песна…

А без музика – не се живее. Немирните срца и темперамент на музичарите како овде така и низ целиот свет, и во домашни услови ја покажаа својата креативност, духовна сила и љубов кон музиката. Така се родија нови песни, кавери и преработки, но во деновите на викендите публиката беше желна за нешто повеќе, нешто што ќе ја замени шемата на која сите бевме навикнати…семејни веселби, прослави, седенки и се она за кое сакаме да си прославиме со пријатели и музика. Така се родија карантинските шоуа како издувен вентил и на музичарите, но и на обожавателите…

На огромно задоволство на нашата публика на фреквенцијата на BalkanMusicTv  поминаа три такви музички вечери со мега популарната група “Молика”. Од почетокот на првата емисија па наваму гледаноста на истото постојано се зголемуваше што на крајот резултираше со бројка од околу пола милион гледачи. За тоа голем удел имаа самите врвни музичари и професионалци, како и амбиентот заедно со техничката реализација на  екипата на BalkanMusicТv. Па така бројните позитивни критики и пофалби кои во секое шоу ги има околу 1000, ја донесоа и бројноста на нарачаните песни. Во последната емисија како освежување и засилување ги слушнавме и нивните наследници групата “Молика ONE”. Уште еднаш се испреплетоа музичките желби од целиот свет…за љубовта, за меракот, оние од богатата ризница на македонската музика, новосоздадените и оние со најголемо исчекување за нашата дијаспора, печалбарските песни. Гласовите на Рената и Игор први ја загреаа вечерната атмосферата заедно со своите “Молика ONE”, a подоцна им се надоврзаа оние поискусните и со поголема “километража”, Анета и Јовица заедно со група “Молика”. Се пееше се што посакаа нашите гледачи, се редеа желби, поздрави за најмилите и пријателите што и овојпат беше временски премалку. Затоа, за сите неисполнети желби кои останаа недоречени и неиспеани, за сите немирни музички срца и на ваше барање, во сабота (23 мај) ве очекува 4-то карантинско шоу на Анета и група “Молика”…музичко шоу кое повторно ќе ја руши ТВ гледаноста, затоа што “добриот глас надалеку се слуша”!!!