Почетна > Ексклузивно > Саит Идоли – промоција на видео приказната “Забранета љубов”…

Саит Идоли – промоција на видео приказната “Забранета љубов”…

///
Comments are Off

Љубов…за неа се напишани најубавите песни. Невозвратена љубов…за неа се напишани најтажните песни. И ако тие тажни стихови се пропратени уште со плачот на виолината или пак на кларинетот, никогаш нема да останете рамнодушни. A тоа ќе го доживеете, откако ќе ја слушнете баладата на Саит Идоли насловена како “Забранета љубов”…

И како што беше најавено, во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv се случи промоцијата на оваа балада, за чиј финален производ се погрижија Arber Curri (музика и аранжман) и Marce Kismi (текст).  Специјален гостин на кларинет е Рикардо Хуна кој со нежната и срцепарателна изведба на својот инструмент и дава посебна тага на целата мелодија. Видео записот се состои од студиски дел во кој учество земаа Сајо Даминов и маестро Ферус Мустафов, додека надворешните кадри во природа ги надополни убавата Ангела. На тој начин со одличната фотографија, “актерските улоги” на сите учесници, текст и мелодија кои во тие три минути ја кажуваат сета љубовна болка што може на секого да му се случи, добивме уште еден одличен комплетен производ. И се разбира, ветување на Саит Идоли дека и во иднина ќе не почести со нешто ново, можеби овојпат со нешто комплетно свое…