Почетна > Арт Студио Продукција > Младиот фолк пејач Ангел Стојкоски снимаше видео запиз за најновата и емотивна песна „За Илина“ (Фото)

Младиот фолк пејач Ангел Стојкоски снимаше видео запиз за најновата и емотивна песна „За Илина“ (Фото)

///
Comments are Off

Македонската фолк сцена доби уште едно музичко освежување. Неодамна младиот симпатичен и познат македонски фолк пејач Ангел Стојкоски сними видео запиз за најновата песна „За Илина“ која во себе има посебна силна и искрена емоција. Станува збор за седмата авторска композиција во неговата досегашна музичка кариера, со која Стојкоски уште еднаш потврдува дека останува доследен на својот препознатлив стил – комбинација од традиционален македонски мелос и современ музички пристап.

За емотивниот текст заслужна е Соња Дојчиновска, која низ зборови успева да раскаже приказна што многумина ќе ја почувствуваат како своја. Музиката и аранжманот се дело на Златко Миладиноски, кој во препознатливиот 9/8 ритам создава динамика што истовремено разигрува и допира до срцето.

Видео записот за песната е реализиран во продукција на најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија, каде што, како што истакнува Стојкоски, владее врвна професионалност и посветеност кон секој проект. Во спотот учествуваат и врвните музичари – Марио Стојаноски на хармоника и Зоран Ратајкоски на саксофон, кои дополнително ја збогатуваат звучната слика.

„Задоволство е да се работи со екипа која навистина ја сака музиката и вложува максимум во секој детал“, вели Стојкоски, упатувајќи благодарност до сите кои биле дел од реализацијата.

По објавувањето на најновата „За Илина“, пејачот најавува дека не запира тука. Во периодот што следува, тој интензивно ќе работи на нови авторски песни, како и на оформување на свој нов бенд, со кој планира активно да настапува веќе од наредната година.

Со ваков пристап и континуирана работа, Ангел Стојкоски сигурно чекори кон уште поголеми успеси на македонската музичка сцена.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
И оваа недела подгответе се за вечер исполнета со македонски хитови – „На здравје“ со нова епизода само на Балкан Мјузик (Видео)
„Минус и плус“ – Лозано и 2Bona направија вистинска музичка равенка за хит (Видео)
Миланова игра – концерт во чест на маестро Милан Завков (Фото)
Жаклина Маркоски со нова песна „Најсреќна“ – љубовна приказна снимена меѓу Преспа и Цапари (Видео)