Оваа недела љубителите на македонската музика и традиција ќе имаат можност да уживаат во две исклучителни музички продукции на програмата на Балкан Мјузик ТВ.
Со почеток од 10:00 часот, телевизиската публика ќе може да го проследи Велигденскиот концерт на КУД „Шара“ – музички проект исполнет со изворни македонски песни, ора и обичаи, кој преку врвните настапи на ансамблот ја доловува убавината на македонскиот фолклор и богатото културно наследство.
Во 20:00 часот, премиерно на програмата на Балкан Мјузик ТВ ќе биде емитувано и најновото издание на „Лешочки Фолк Фест 2026“ – фестивал кој и оваа година донесе бројни нови авторски композиции, познати имиња од македонската фолк сцена и незаборавна атмосфера во уникатниот амбиент на манастирскиот комплекс во Лешок. Фестивалот продолжува успешно да ја негува и промовира современата македонска народна песна, претставувајќи нови музички дела и автори пред домашната публика.
Не заборавајте, 13-ти септември 2026 недела. Не пропуштајте два исклучителни музички настана кои ја слават македонската песна, традиција и култура – само на Балкан Мјузик ТВ.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски








