Почетна > Македонија > По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)

По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)

///
Comments are Off

По големиот јубилеен концерт со кој на крајот од минатата година одбележа 35 години успешна музичка кариера, Миле Кузмановски не запира. Еден од најпрепознатливите и најомилените македонски фолк-пејачи продолжува да ја пишува својата музичка приказна со нов, несекојдневен концертен проект.

На 15 јули, со почеток во 20:30 часот, магичниот амбиент на Хераклеа во Битола ќе биде домаќин на концертот „Ехо од Хераклеа“, музички настан кој ветува вечер исполнета со емоции, спомени и врвна изведба. Публиката ќе има ретка можност да ужива во најголемите хитови на Кузмановски во поинакво, симфониско издание. На сцената ќе му се придружи НУ Камерен оркестар на Битола, со што неговите безвременски песни ќе добијат нова димензија и дополнителна уметничка вредност.

Концертот е замислен како спој на традицијата, македонската песна и уникатната атмосфера што ја нуди античкиот локалитет Хераклеа. Организаторите најавуваат и специјални музички гости чии имиња засега остануваат тајна, што дополнително ја зголемува љубопитноста кај публиката. По концертот во МОБ, кој беше круна на неговиот 35-годишен јубилеј, Миле Кузмановски уште еднаш потврдува дека неговата музика успешно ги поврзува генерациите и дека неговите песни и понатаму живеат со истата сила и емоција.

Влезниците за концертот „Ехо од Хераклеа“ веќе се пуштени во продажба, а интересот е голем. Љубителите на добрата македонска песна ќе имаат можност да бидат дел од една уникатна битолска музичка приказна која долго ќе се памети.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Ова лето патувајте безгрижно со Crvo Express – луксузни одмори во Грција и Бугарија по најповолни услови (Фото)
32 години музичка традиција: „Премиер Бенд“ најавува нови музички проекти и настапи низ Европа (Фото)
Таму каде што музиката создава спомени: Не пропуштајте го новото издание на „На здравје“ (Видео)
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)