Почетна > Арт Студио Продукција > „Не буди ме зоро“ музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство (Фото-Видео)

„Не буди ме зоро“ музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство (Фото-Видео)

///
Comments are Off

Од срце и без никакви задршки, двајца ентузијасти ја преточија својата емоција во музика и ја создадоа песната „Не буди ме зоро“ – дело кое не е само уште една композиција, туку вистинска животна приказна.

Едниот од овој креативен тандем, Деан Стојановски, по пауза од цели 28 години повторно влезе во студио, носејќи со себе искуство, емоција и вонсериски вокал. Со префинет слух и автентична инспирација, тој стои зад музиката на ова дело, потврдувајќи дека вистинскиот талент никогаш не исчезнува – туку чека вистински момент повторно да засвети. Од другата страна, Кирил Котевски за прв пат се впушти во авторство на текст, создавајќи стихови кои природно се слеваат со музиката и ја раскажуваат приказната за соништата, надежта и искрената емоција.

„Но, оваа песна не е дело само на двајца луѓе. Таа е резултат на заедништво, поддршка и искрено пријателство. Зад неа стои тим на врвни музичари и професионалци кои со својата посветеност и знаење ѝ дадоа душа: Миле Кузмановски – човек со огромно искуство во македонската естрада, кој несебично ја вложи својата енергија и поддршка, Илија Филиповски и Војче Петрушев – виртуози кои со своите инструменти ја оживеаја композицијата, Томче и Шарки – со нивната постојана поддршка и вредни совети во текот на целиот процес, Љупчо Павловски-Анастасија – автор на аранжманот кој ја обедини целата приказна во едно музичко дел, Дејан Горгиев (Арт Студио продукција/Балкан Мјузик телевизија) – креаторот на видеото што и даде визуелна форма на оваа емоција и Ресторан Одисеја – локацијата која придонесе видеото да добие модерен и светски изглед“, напишаа тие на социјалните мрежи.

„Не буди ме зоро“ е повеќе од песна – тоа е доказ дека кога нешто се создава искрено, без калкулации и од длабочината на душата, резултатот секогаш наоѓа пат до публиката.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Уживајте во безвременските македонски рефрени и оваа недела во „На Здравје“ само на Балкан Мјузик (Видео)
Вистината за Мишо Ковач: Скромен живот, и без потреба од помош
Славење на животот со песна: Не ја пропуштајте и оваа недела новата епизода „На Здравје“ (Видео)
„Министерот за естрада“ ќе ја освојува Хераклеа: Борче Наумовски со голем концерт по повод 30 години музичка кариера (Фото)