Почетна > Македонија > Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)

Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)

///
Comments are Off

Празничната атмосфера продолжува и утре, понеделник, на 13 април, кога нашата специјална велигденска програма носи уште еден музички бисер за сите љубители на добрата песна.

Во 11 часот, уживајте во големиот солистички концерт на извонредната Лени Партикова – уметник со глас што остава впечаток и емоција што долго се памети. Нејзиниот настап е вистинска можност да го збогатите празничниот ден со квалитетна музика и позитивна енергија. Концертот кој ќе имате можност да го проследите се одржа на 17 јануари 2026 година во Културен дом „Иљо Антески – Смок“, каде публиката уживаше во вечер исполнета со силни емоции, моќни интерпретации и искрена музичка магија.

Со својот препознатлив стил и вокална супериорност, Лени уште еднаш ни потврди зошто важи за еден од најдобрите женски вокали кај нас. Овој концерт не претставува само настап – туку вистинско музичко доживување.

Подгответе се за празнично утро исполнето со убави ноти, топлина и насмевки. Нека музиката биде дел од вашата велигденска радост.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Гратче мое убаво“ триумфираше на „Фолк-фест Валандово 2026“ – Кико ја освои публиката и жирито
„Кога пеам за нас“ – нов музички проект создаден со страст, пријателство и многу музичка љубов (Фото)
Неделна музичка дружба со „На Здравје“ – добра песна, весела атмосфера и многу емоции (Видео)
Darkoff со современ и емотивен музички проект (Видео)