Почетна > Македонија > „Пауза за ракија 2“ – музичка велигденска терапија што мора да се доживее (Видео)

„Пауза за ракија 2“ – музичка велигденска терапија што мора да се доживее (Видео)

///
Comments are Off

Нашата велигденска празнична програма оваа година започнува со вистински музички бисер. Во недела, на 12 април 2026 година, точно во 15 часот, подгответе се за едно незаборавно доживување – „Пауза за ракија 2“.

Овој уникатен музички проект го предводи виртуозот на хармоника, маестро Игор Димовски, кој заедно со своите блиски соработници, пријатели и колеги создава атмосфера што не се опишува – туку се чувствува. Снимен во магичниот амбиент на Свети Наум и Охрид, проектот носи спој од природна убавина, традиција и музика која директно допира до срцето. Секоја нота, секој ритам и секоја изведба е исполнета со топлина, страст и онаа препознатлива македонска емоција.

„Пауза за ракија 2“ со внимателно одбран репертоар и оригинален стил на изведба, оваа екипа создава звук кој е и традиционален и свеж во исто време. Во духот на Велигден, со многу позитивна енергија, насмевки и добро расположение, оваа музичка приказна ќе внесе топлина во секој дом. Идеална причина да го соберете семејство, да наздравите и да уживате во вистинска македонска атмосфера.

Не заборавајте – „Пауза за ракија 2“, недела во 15 часот, на првиот ден од најголемиот христијански празник – Велигден, само на Балкан Мјузик телевизија.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)