Почетна > Арт Студио Продукција > „Група Круна“ со нов свадбарски хит посветен на свекрвата – премиера за Велигден (Фото)

„Група Круна“ со нов свадбарски хит посветен на свекрвата – премиера за Велигден (Фото)

///
Comments are Off

Македонската музичка сцена добива уште еден потенцијален свадбарски хит. „Група Круна“ деновиве го заврши снимањето на видеоспотот за нивната најнова авторска песна – овојпат посветена на свекрвата, тема која ретко се обработува, но секогаш предизвикува емоции и насмевки.

Песната е создадена во соработка со врвниот музичар Инан Неџиповиќ, кој стои зад музиката и аранжманот. Резултатот е модерен, побрз и исклучително весел ритам, кој уште на прво слушање „влече“ на игра и славење.

Она што го издвојува овој проект е и самиот видеоспот. За разлика од нивните претходни видеа, овојпат „Група Круна“ се одлучија за поавтентичен пристап – снимање во реална свадбена атмосфера во „Вила Варадеро“ во Скопје. Со тоа тие успеваат да го доловат вистинскиот дух на свадбите – емоции, радост и моменти кои остануваат засекогаш. за реализацијата и снимањето и на овој видеиспот беа задолжени најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

Оваа осма авторска песна на „Група Круна“ официјално ќе биде објавена за Велигден кога воедно ќе биде промовиран и видеоспотот, а од групата се надеваат дека токму оваа нумера ќе стане неизоставен дел од свадбените веселби низ целата земја, особено поради нејзината наменска посвета.

Но, тука не застануваат. „Група Круна“ веќе најавуваат уште две нови песни кои ќе бидат објавени во текот на годината, потврдувајќи дека нивната креативност и посветеност кон публиката не запира. Дополнително, во најава се и големи меѓународни турнеи во Америка и Австралија, за кои повеќе детали ќе бидат откриени наскоро.

По Велигден, групата влегува во полна свадбена сезона – подготвени со нов репертоар, свежа енергија и многу изненадувања за својата публика.

Едно е сигурно – ова лето свадбите ќе имаат нова химна.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)
Два дена без сон – Пехчево повторно ќе живее во ритамот на најголемиот фестивал на дувачки оркестри (Фото)
Со спектакуларна промоција на два нови музички проекти Маестро Александар Ицов одбележа 10 години музичка кариера (Фото+Видео)
Замина еден од најголемите македонски музичари – Почина Владо Јаневски