Почетна > Македонија > „Здраве Мјузик“ со балкански печат: Бојан и Дарко Здравески рамо до рамо со најголемите ѕвезди (Фото)

„Здраве Мјузик“ со балкански печат: Бојан и Дарко Здравески рамо до рамо со најголемите ѕвезди (Фото)

///
Comments are Off

Од охридските сцени до големите балкански настапи, браќата Бојан и Дарко Здравески, членови на групата „Здраве Мјузик“, сè посигурно го градат својот пат кон регионалната, па и светската музичка сцена. Со исклучителен професионализам, врвна музичка изведба и моќна сценска енергија, тие се наметнуваат како едно од најперспективните македонски имиња кои во моментов активно ја претставуваат земјата надвор од нејзините граници.

Во изминатиот период, браќата Здравески остварија бројни средби и соработки со етаблирани ѕвезди од српската и балканската естрада, меѓу кои се вбројуваат: Гоца ТржанИвана КруниќБраќата АрџиќМирослав ИлиќЛепа ЛукиќМира Шкориќ и Аца Лукас. Ваквите контакти не се случајност, туку јасен доказ за нивниот квалитет, труд и сериозен пристап кон музиката.

Довербата што ја добиваат од големи музички имиња претставува значајно признание за нивната работа и уште една потврда дека македонските музичари имаат што да понудат на регионалната сцена. Здравески не настапуваат само како изведувачи, туку како вистински амбасадори на македонската музичка енергија, која ја пренесуваат со гордост и автентичност.

„Ние растеме за Македонија и се бориме за Македонија со музиката“, порачуваат браќата, истакнувајќи дека секој нивен настап надвор од земјата е обид достоинствено да се претстави македонската музичка култура. Како македонски музичари, тие успешно се пробиваат низ Балканот, докажувајќи дека посветеноста и искрената љубов кон музиката секогаш наоѓаат пат до публиката.

Публиката ги прифаќа со одушевување, сцената ја чувствуваат како свој дом, а „Здраве Мјузик“ сè почесто се спомнува како име што доаѓа – и тоа силно. Едно е сигурно: ова е само почеток, а Македонија преку Бојан и Дарко Здравески има со што да се гордее.

Може да ви се допаѓа и
„Лавина“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Виена – убедлива победа со гласовите од публиката и жирито (Видео)
Неделата е резервирана за македонската песна – И оваа недела „На Здравје“ на Балкан Мјузик (Видео)
Влатко Лозаноски – Лозано најавува музичка „претстава“ на 7-ми март – „Борис Трајковски“ речиси исполнета (Фото)
Сан Ремо повторно е музичкиот центар на Италија: Почнува 76. издание на легендарниот фестивал