Почетна > Македонија > ДаКапо Бенд прослави 10 години постоење со промоција на нови музички изданија (Фото)

ДаКапо Бенд прослави 10 години постоење со промоција на нови музички изданија (Фото)

///
Comments are Off

Вчера вечер 18-ти февруари среда, ДаКапо Бенд прослави значаен јубилеј – 10 години активно присуство на музичката сцена. По тој повод, бендот одржа промотивна забава каде пред публиката за првпат беа јавно претставени нивните две нови музички изданија: една песна и една инструментална композиција.

Новата песна го носи насловот „Оди си“, додека инструменталната композиција е насловена „Cocktail“. Со овие изданија, бендот го продолжува својот авторски пат започнат со претходните песни „Заборав“ и „Казна“, кои беа одлично прифатени од публиката.

Песната е компонирана и продуцирана од Тодор Ушитков, продукцијата е реализирана во AudioLab Studio – Тодор Ушитков, додека текстот е дело на Антонио Тасевски заедно со Тодор.

Настанот претставуваше вистинска прослава на десетгодишната работа на бендот, но и искрена благодарност до сите пријатели, соработници и фанови кои ги поддржуваат низ годините.

Зад успехот на Dacapo Band стојат членовите:

  • Антонио Тасевски – вокал
  • Илија Мицев – труба
  • Никола Давчев – тапани
  • Тодор Ушитков – клавијатури
  • Горан Костадинов – клавијатури
  • Влатко Ѓорчев – кларинет

Јубилејната прослава потврди дека ДаКапо Бенд е препознатливо име на домашната музичка сцена. Новите изданија се продолжение на нивниот авторски развој и навестување за уште поактивен период што следува. Публиката може да очекува нови проекти и настапи во текот на годината.

Може да ви се допаѓа и
Неделна музичка дружба со „На Здравје“ – добра песна, весела атмосфера и многу емоции (Видео)
Darkoff со современ и емотивен музички проект (Видео)
Борче Наумовски – Министерот сними видеоспот за најновата „Моја љубов, моја судбина“ – емотивна приказна за вечната љубов (Фото)
Нова надеж за македонската музика – Македонија се враќа на Евросонг