Почетна > Македонија > “СЕДИ ДОМА” – заедно со Елена Велевска…

“СЕДИ ДОМА” – заедно со Елена Велевска…

///
Comments are Off

Еве сме, дома сме, чекаме трпеливо со денови да почне светот повторно да “се врти”, но одеднаш најдовме време за себе и за своето семејство. Во секој дел од попладневната и вечерна тишина некако полека сите си ги средивме мислите…и многумина “се ресетираа”. Како им е на оние што се занимаат цел живот со музика само они си знаат, ама судејќи по нивните коментари, многу тешко. Затоа што им недостасуваат толпата луѓе, гласноста, метежот и патот што не знаеш утре каде ќе те однесе…

А нашиот пат овојпат не однесе до домот на нашата позната фолк пејачка Елена Велевска. Исто како нејзините колеги и таа ги живее деновите во надеж дека музиката ќе почне повторно “да го врти светот”. Во меѓувреме со добар план и доволно време на располаѓање, се труди квалитетно да го потроши секој изминат ден. А најголемиот фокус се разбира го имаат нејзините три деца, кои иако дома сеуште добиваат “онлајн” училишни задачи. Откако ќе им помогне да ги завршат, останува простор за многу интересни друштвени игри со кои времето минува низ многу смеа и порелаксирано…

За останатите активности, ни раскажа самата Елена… – “Зависна сум од вежбање и среќна сум што и во оваа ситуација можам да продолжам со редовен тренинг. Вежбам “онлајн” и на тој начин се ослободувам од својата негативна енергија, по што денот ми е секогаш поубав. Ми се погоди моментот и за работите за кои некогаш немав доволно време, а тоа се готвењето и англискиот јазик. Можам да се пофалам дека готвам како никогаш до сега, па деновиве сум често во кујната за да им ги исполнам желбите на децата. Што се однесува пак до англискиот јазик, финесите што ми недостасуваа за негово усовршување и течно владеење успевам сега да си ги дотерам. Тоа е нешто на што треба секој естраден уметник да обрне внимание, особено ако има турнеи и пријатели надвор на нашите граници. На крајот останува време и за дружење со фановите и пријателите преку социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека сите мораме да седиме дома, тоа ни е еден од начините за комуникација. Гледам да ги користам што помалку, но сепак се дел од моето секојдневие”…

А Вие драги пријатели и обожаватели на нашата Елена Велевска, можете секојдневно да уживате во нејзините хитови на фреквенцијата на BalkanMusicTv…затоа што музиката е лекот за секое расположение!!!