Почетна > Македонија > Рефрени што и оваа недела ќе се паметат: Неделна фолк дружба со „На здравје“ само на Балкан Мјузик телевизија (Видео)

Рефрени што и оваа недела ќе се паметат: Неделна фолк дружба со „На здравје“ само на Балкан Мјузик телевизија (Видео)

///
Comments are Off

И оваа недела љубителите на добрата македонска песна имаат причина повеќе да останат пред малите екрани. Балкан Мјузик телевизија повторно подготвува музичка забава што ги спојува емоцијата, традицијата и современиот дух на македонската фолк сцена.

Со одлични вокали, препознатливи рефрени и песни што лесно се потпевнуваат, емисијата „На здравје“ уште еднаш ветува незаборавна дружба исполнета со позитивна енергија. Затоа што, со македонска убава музика – сè е поубаво.

Фолк песната отсекогаш била најбрзиот пат до душата. Таа носи спокој, буди спомени и создава моменти што се паметат. Токму тие рефрени, кои ги знаеме наизуст, секој викенд не собираат околу песната, чашата и доброто расположение.

Во недела, 1 февруари, со почеток од 20:00 часот, гледачите ќе имаат можност да уживаат во уште една фолк вечер исполнета со искрена емоција и македонски мелос. „На здравје“ не е само емисија – тоа е покана за заедничко славење на музиката што нè обединува.

Наздравуваме за песната, за дружењето и за убавите моменти – само на Балкан Мјузик телевизија.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)
Со голем музички спектакл во Хераклеа Борче Наумовски – Министерот ќе одбележи 30 години музичка кариера (Фото)