Почетна > Македонија > Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)

Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)

///
Comments are Off

Вчера вечер во познатиот македонски ресторан „Камин Кама“ се одржа прес-конференција на една од најпрепознатливите македонски фолк пејачки – Лени Партикова, по повод нејзиниот претстоен трет солистички концерт кој ќе се одржи на 17 јануари 2026 година, во Домот на културата во Тетово.

Пред присутните новинари, пријатели, соработници и колеги, Лени застана рамо до рамо со својот сопруг Жарко Ѓоргески, испраќајќи силна порака за поддршка, заедништво и семејна хармонија. Во улога на водител на прес-конференцијата беше познатата радио водителка Билјана Коцева – Алексова, или попозната во јавноста како DJ Bici, од најслушаното скопско музичко радио Зона М1.

Во опуштена и пријатна атмосфера, Бици го отвори настанот, нагласувајќи го поводот за собирот и најавувајќи го концертот, но и новиот студиски албум на Лени – „Горда сум Македонка“, кој воедно беше и официјално промовиран на прес-конференцијата.

Иако веќе е познато кои ќе бидат гостите на концертот (Група Круна, Орде Неделковски, Кире Науновски, како и Трубачкиот Оркестар Мануел Аметовиќ – прваци на Гуча од Србија и КУД „Шара“ од Тетово), организаторите открија дека публиката ја очекува уште едно специјално изненадување, кое засега останува тајна и ќе биде откриено токму на концертната вечер.

Лени за време на пресот неколкупати запеа, се фотографираше со присутните, а новинарите имаа можност да го погледнат и видеоспотот за истоимената песна „Горда сум Македонка“, реализиран во продукција на Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

По официјалниот дел, присутните беа почестени со мала закуска, а атмосферата продолжи во духот на музиката, дружењето и позитивната енергија.

До концертот во Тетово остануваат уште многу малку денови, а за сите оние кои сè уште немаат обезбедено билет – картите се во продажба и се во ограничен број, па интересот е повеќе од очигледен.

На 17 јануари, Тетово ќе биде домаќин на една музичка вечер исполнета со емоции, традиција и гордост, во знакот на Лени Партикова.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)