Почетна > Македонија > Во пресрет на празниците: Домашна музика, топло расположение и добро друштво во новото издание на „На здравје“ (Видео)

Во пресрет на празниците: Домашна музика, топло расположение и добро друштво во новото издание на „На здравје“ (Видео)

///
Comments are Off

И оваа недела, Балкан Мјузик телевизија останува ваш верен пријател и сигурна дестинација за добра музика, позитивна енергија и пријатно расположение. Точно во 20 часот, на програмата е новата епизода од омилениот музички серијал „На здравје“, кој со години успешно ја негува македонската музичка традиција и домашниот дух.

Во пресрет на новогодишните празници кои се пред нас, екипата на „На здравје“ полека ја загрева атмосферата и внесува топлина во овие студени и магливи денови. Гледачите ги очекува внимателно избрана македонска музика, искрена емоција и чувство на блискост, токму она што му е потребно на секој дом во овој период од годината. Новата епизода носи пријатно, домашно расположение, со песни кои будат спомени и насмевки создавајќи совршена музичка приказна за неделна вечер со семејството и пријателите.

„На здравје“ и овој пат останува верен на својата мисија – да ја спои публиката со убавата македонска музика и да потсети дека најубавите моменти се оние споделени со добра песна.

Не пропуштајте – „На здравје“, на Балкан Мјузик телевизија, недела 21 декември со почеток во 20 часот. Нека ни е на здравје!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Вечер исполнета со безвременски хитови: Нова епизода од омилениот музички серијал „На Здравје“ и оваа недела на Балкан Мјузик (Видео)
Еден концерт, два јубилеја – 50 години живот и ново поглавје во кариерата на Бобан Цаневски (Фото)
Нов музички проект кој ги чува корените: Започнува серијалот „АМАНЕТ“ со Дамјан Стојаноски (Фото)
Поминаа 50 години, а Македонија сè уште го слуша гласот на Никола Бадев