Почетна > Арт Студио Продукција > „Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)

„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)

///
Comments are Off

„Бендот на Браќа Нуне“ подготвува нов музички проект што ветува вистинска еуфорија на македонските веселби. Со модерна продукција, автентичен звук и препознатлива енергија, бендот повторно ја спојува традицијата со современиот музички израз.

Проектот опфаќа повеќе од 40 минути најпознати македонски свадбени рефрени, внимателно одбрани за да го пренесат духот на најубавите прослави низ земјава. Во сетот се вклучени хитови кои со години се неизоставен дел од семејните славја, изведени во препознатливиот стил на „Бендот на Браќа Нуне“, со свежо и актуелно звучење.

„Сакавме да направиме нешто што ќе ја задржи суштината на македонската традиција, а истовремено ќе ѝ даде нова, модерна димензија“, велат од бендот, најавувајќи дека проектот е само вовед во она што следува.

Бендот открива дека ова издание е дел од поширок концепт на нов материјал на кој активно работат. Публиката може да очекува уште нови музички изненадувања многу скоро, вклучувајќи и авторски песни, нови соработки и видеопродукција.

Реализација и видеопродукцијата ја работеа најдобрите во Македонија – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

„Бендот на Браќа Нуне“ уште еднаш го потврдуваат својот статус како една од најбараните групи на домашната естрада, која успева да ја задржи традицијата, но и да ѝ даде свеж, современ пулс.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Моја љубов, моја судбина“ – Борче Наумовски со нов музички бисер пред големиот јубилеј (Фото+Видео)
Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ повторно со нова приказна, нови гости и многу емоции (Видео)
Саит Идоли ја промовираше новата песна „Ќерка“: Родителската љубов како вечна инспирација (Фото+Видео)
Во најгледаниот музички серијал „На Здравје“ – и во оваа епизода убава македонска музика со познати македонски музички имиња (Видео)