Почетна > Македонија > “СЕДИ ДОМА” – заедно со Криси Тимовска…

“СЕДИ ДОМА” – заедно со Криси Тимовска…

///
Comments are Off

Постојат многу работи кои не прават среќни во текот на животот…и сите нив знаеме секогаш да си ги прославиме со дружење и многу музика. Едноставно, на тој начин ја искажуваме среќата и ја делиме со нашите најмили, затоа што е тоа природно, искрено и воздигнувачки за нас. Од сите веселби и празнувања една од најдрагите ни е секако нашата свадбена веселба, која е збир на сите емоции кои ги има човекот во себе. И затоа сите со посебна љубов и сеќавање ни раскажуваат за неа…ни раскажуваат во популарната “Моја свадба” која оваа јубилејна 10-та сезона ја води нашата ведра и насмеана Криси Тимовска. Тука секоја естрадна (или друга) личност седнувајќи на столчето наспроти неа ни ги открива сите убави моменти од својата, но и од другите семејни веселби. Затоа што велиме “колку табиети толку марифети”…

Сега кога на неопределено време е запрено секое собирање и снимање, ја побаравме Криси за да ја запрашаме како ги минува овие, мачни за сите нас, денови. И повторно со истата насмевка, љубезност и мала тага во гласот ни раскажа… “Вонредни денови, карантин, депресија…но имам среќа што сеуште одам на работа. А кога ќе се вратам, дома ме чека најсилната и најмилата прегратка на цел свет од мојата ќеркичка Ирис која веднаш ме прашува “дали денес ќе одиме чао”. Бидејќи е мнооогу мала и не можам да и објаснам што ни се случува, само и потврдувам и тогаш балконот ни станува “чао”. А потоа следуваат игри, брканици по дома, жмурки, куклен театар, се само полесно да го поминеме секојдневието. Постојано ја бара и градинката каде со задоволство сака да седи и да го минува времето. По нејзиното успивање правам дезинфекција низ домот, си посветувам половина час на самата себе, читам книга или гледаме некој филм со сопругот. Јас сум личност која е премногу дружељубива така да во овој момент ми недостасува моето семејство, моите другарки и друштвото, но најмногу ми недостасуваат снимањата за “Моја свадба” и дружбата со целата екипа. Тоа е нешто што навистина го сакам и се трудам до крај професионално да го одработам. Но за доброто на сите нас, седиме дома и во мислите мечтаеме дека сето ова ќе заврши што поскоро и побезболно”…

А во меѓувреме, за сите љубители на семејните обичаи и традицијата, згодите и незгодите што можеби се случуваат на нив и многу, многу музика следете секоја недела (13:30) во репризните изданија на “Моја свадба” заедно со нашата Криси Тимовска…