Познатата фолк пејачка Адријана Ацевска вчера го промовираше својот најнов видео запис за песната “Крај”. Станува збор за љубовна балада со впечатлив текст кој го напиша Борче Димитров Рафинерија, а аранжманот е на Дејан Момироски. Снимена во “XL studio Momiroski” видео приказната на еден модерен трендовски начин ја раскажа “Арт студио” – продукција. Во неа се појавуваат неколку блиски пријатели на Адријана кои одлично ја завршија својата улога во пренесување на емоциите од песната. Се на се, убаво е кога во ова време – невреме ќе се чуе и види нешто ново и несекојдневно…