Почетна > Ексклузивно > За Велигден, BalkanMusicTv во живо од Австралија…

За Велигден, BalkanMusicTv во живо од Австралија…

///
Comments are Off

Да го празнуваме животот денес…

Да го воскреснеме Исус во нашите срца…

Да ги отвориме душите за љубов и радост…

Се некои од пораките што си ги упатуваме во деновите кога го празнуваме најубавиот христијански празник, Христовото Воскресение или Велигден. Овој настан не повикува на љубов, единство и верба дека само со мудроста и силата што ни ја дава Бог, можеме да ги поминеме сите животни препреки издигнувајќи се посилни. Ова се денови кога треба длабоко во срцето да им простиме на сите што ни згрешиле и да подадеме рака на секој што нема почувствувано топлина и среќа. Ова се денови кога љубовта што секој од нас ја поседува треба да ја рашири меѓу своите блиски за да биде и тој сакан од другите. Ова се денови кога се осознаваат сите човекови вредности и смислата на животот…едноставно причината зошто сме создадени на овој свет…

Поради новонастанатата ситуација во која за прв пат нашите православни храмови ќе останат без своите многубројни верници, истите најдоа начин како по пат на техника и ресурсите со кои располагаат да бидат сепак со нив. За таа цел во сабота (18.04.20) еден часот по полноќ по наше а (09:00) по австралиско време, BalkanMusicTv ќе врши директен пренос од “ВЕЛИКА САБОТА Света Василиева Литургија” од МПЦ “Св. Кирил и Методиј” во Розбери, Сиднеј. Со истата ќе сослужуваат двајцата парохиски свештеници на Македонската православна заедница од Австралија, отец Игор Младеновски (од Св. Никола, Кабрамата) и прота Наум Деспотоски…

Ве покануваме драги наши гледачи заедно да го проследиме овој свечен црковен чин по повод големото Христово Воскресение – Велигден…празник на љубовта, мирот, благосостојбата и единството!!!