Почетна > Македонија > На 21-ви август во Куманово ново фестивалско издание на „Тумба фест“

На 21-ви август во Куманово ново фестивалско издание на „Тумба фест“

///
Comments are Off

Куманово повторно ќе биде центар на музиката и добрата забава. На 21 август, со почеток во 20 часот, на Градскиот плоштад ќе се одржи најпрепознатливиот кумановски музички фестивал – „Тумба фест 2025“.

Оваа година, публиката ќе има можност да ужива во дваесет нови композиции, создадени во неколку студија низ земјата, потпишани од врвни фолк и поп композитори. Ќе настапат најголемите имиња на фолк сцената, а неизоставно на сцената ќе блесне и легендарниот кумановец Нино Величковски, кој најавува големо изненадување. Новитет на фестивалот е свежиот концепт кој обединува шеговити песни на кумановски дијалект, но и на други македонски дијалекти. Публиката ќе чуе и етно инспирирани, свадбарски, весели, боемски и љубовни теми – сè во препознатливата дух и енергија на Куманово.

Водители на вечерта ќе бидат харизматичната актерска двојка Горан Илиќ – Гиле и Кети Дончевска Илиќ, кои со својот хумор и шарм ќе ја одржат атмосферата на највисоко ниво. Во рамки на програмата ќе бидат доделени и Наградата за животно дело како и признанието за најслушана песна помеѓу два фестивала.

Организатор на фестивалот е Здружението „Етно ризница“, а директор на манифестацијата е Драган Јаким.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Неда Украден го прослави 75-тиот роденден на плажа – „Годините се само број“ (Фото)
Тајната операција на Цеца: Осум часа под нож во Истанбул
Легендата на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, добива вечно место во градот Пула
Три децении традиција: „Охрид фест“ по 32-ри пат повторно центар на музичкиот свет (Фото)