Почетна > Македонија > 35 години „Шанел“ – Битола славеше со фестивал на македонски фолк хитови (Фото)

35 години „Шанел“ – Битола славеше со фестивал на македонски фолк хитови (Фото)

///
Comments are Off

На 13-ти август во Битола се одржа јубилејот на модното студио „Шанел“ – 35 години организација на музички и модни настани. На ракометното игралиште во Битола јубилејот беше одбележан со Фестивал на македонски фолк хитови во изведба на познатите македонски музички имиња: Јордан Митев, Татијана Стефановска, Елена Велевска, Туше, Катерина Брезева и Група Соната, Татјана Лазаревска, Дани Даниела, Кире Науновски, Анета Арсовска, Анастасија Митровска, Ташко Каранфиловски и Астра Бенд, Зорица Дончев, Ангела Влинтовска, Софија Пуровска и специјалниот гостин од Австралија Симе Брич.

Јубилејот започна со сплет ора на млади играорци од КУД „Везилка“ од Новаци. А изведувачите беа придружувани од Оркестарот Маестрал и Империјал Бенд.

Настанот го следеа околу 1.000 посетители, а наскоро ексклузивно гледачите на најгледаната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик ќе можат да го проследат и на тв програмата.

Инаку, модното студио „Шанел“ е надалеку позната агенција која што до сега има организирано голем број на музички настани како во Македонија, така и во Европа и Австралија. Како што не информираат од „Шанел“ тие се веќе во завршни подготовки за турнеја ширум Австралија со наши познати македонски актуелни музички имиња, а за кого се станува збор… ќе информираме во текот на следните денови на Балкан Мјузик телевизија.

Се надеваме и искрено веруваме дека и оваа закажана турнеја ќе биде одлично организирана од страна на тимот на „Шанел“. А ние од Балкан Мјузик телевизија и Арт Студио продукција им упатуваме искрени честитки и им посакуваме се најдобро во она што го организираат во идниот период со нашите познати македонски музички имиња.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик телевизија

Фото: Добри Цветановски

Може да ви се допаѓа и
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)