Анета Љумаковска е име што не се изговара – се чувствува. Со години присутна на музичката сцена, таа не само што ги обојува нашите најемотивни моменти, туку и ги создава. Со топлина во гласот и искреност во секој стих, таа е таа која нè насмевнува, но и ни ги брише солзите. Незаменлива на свадбите, омилена на фестивалите, а секогаш блиска до народот – нејзината музика живее во спомените, во приказните, во љубовите. Од весели ритми што нè креваат на нозе до балади што допираат до најдлабоките емоции – нејзиниот репертоар е животна приказна сама по себе.
На нејзините настапи не се слуша само музика – таму се среќаваат судбини, се раѓаат љубови, се преживуваат емоции. Неа не ја краси само гласот, туку и душата. Секогаш пристапна, секогаш насмеана, таа е уметник што остава трага – не само на сцената, туку и во срцата.
Драги пријатели и наши верни читатели, Ви ја претставуваме жената која не само што пее, туку инспирира: неповторливата, харизматичната, и засекогаш наша – Анета Љумаковска.
Balkan Music TV: Неодамна снимавте видеоспот за најновата песна „100 по Рихтер“. Кажи ни кој е тимот кој ја работеше песната и дали станува збор за емотивна и убава балада, песни кои одсекогаш преубаво Ви стоеле, или пак летна и интересна песна која што ќе ги размрда обожавателите и македонската публика?
Анета Љумаковска: Точно дека ги обожавам баладите, но овој пат заедно со мојот тим одлучивме да и поклониме видеоспот на оваа преубава и весела песна. Бидејќи е четен период самиот текст си бараше убава летна локација, плажа итн. Спотот го снимаше Арт Студио продукција – добро проверен тим кој што си ја врши работата професионално. А јас сум сигурна дека видеоспотот ќе биде прифатен од публиката. Ние не застануваме тука, не чека уште многу работа и уште многу видеоспотови.
Balkan Music TV: Видеоспотот за Вашата најнова песна е снимен во Кавала, соседна Грција. Зошто го одбравте токму ова преубаво летно место и која е всушност приказната во видеото?
Анета Љумаковска: Едноставно сакавме да биде некоја специфична локација и убава пред се и како што веќе напоменав, професионалците од Арт Студио продукција точно знаат и проценија која е вистинската локација за да се сними еден ваков видеоспот. Самиот текст ни кажа каква и која локација е најдобра. И на крајот се договоривме тоа да биде Кавала.

Balkan Music TV: Како сте задоволни од самото снимање на видеоспотот, знаејќи дека тој дел го оставивте на професионалци?
Анета Љумаковска: Видеоспотот за песната „100 по Рихтер“ се снимаше два дена и секако дека имаше интересни случки, кога екипата со која што соработувавме се состоеше од повеќе луѓе и кога се работи со позитивна енергија, сложно и кога се знае што се сака. Снимавме на јахта, на плажа, во центарот на Кавала, а имаше навистина преубави локации кои се потрудивме да бидат опфатени и видени.
Balkan Music TV: Освен новата песна и видеоспотот кои неодамна беа промовирани на македонската публика преку Балкан Мјузик телевизија, открите ни како и на кој начин ќе го поминете летниот период? Дали можеби работно или пак после долгиот зимски и работен период ќе појдете на заслужен, летен, интересен, авантуристички и пред се убав и незаборавен одмор?
Анета Љумаковска: Сите знаеме дека нам пејачите овој период ни е период за работа кога сите уживаат и се одмораат. Меѓутоа, секако дека ќе најдеме неколку дена и ние да се одмориме и да ги наполниме батериите за она што следи.
Balkan Music TV: Кои се Вашите идни планови. Веќе ја промовиравте најновата песна со видеоспот, но што потоа… нова песна, учество на некој музички фестивал, настапи низ Македонија, турнеја…?
Анета Љумаковска: Сега сме фокусирани на промоцијата на новата песна и овој видеоспот. Веруваме дека ќе биде одлично прифатен од страна на македонската публика која секогаш знае да го одбере најдоброто. Искрено, се надеваме на позитивен feedback и секако, не застануваме тука – туку продолжуваме со снимање на видеоспотови и за оние песни за кои досега не е снимено официјално видео, а самата песна тоа си го бара и заслужува.

Balkan Music TV: Која е тајната што и после многу години постоење на македонската музичка сцена се уште сте онаа скромна, тивка и мила и едноставно секој сака да слушне Ваша отпеана песна, Вашиот прекрасен глас и уште при Вашето појавување однапред се знае што и како може да се очекува?
Анета Љумаковска: Искрено, не е тајна тоа што го има и поседува човек во себе. Тоа или го имате од самото раѓање или воопшто не постои колку и да се трудите. Тоа е нешто што не се учи, туку зависи од тоа како е воспитана личноста додека расте и додека се гради како личност. Јас одсекогаш сум била истата – скромна и тивка и сакам преку песната да ги расположам сите мои фанови колку и да им е тешко. Се трудам на секој мој настап да сум и да бидам позитивна, насмеана и ведра и присутната публика да си замине со убави и позитивни впечатоци.
Balkan Music TV: Од самото појавување на македонската фолк сцена Вие сте речиси истата. Многу од припадничките на женскиот пол Ви љубоморат на Вашиот прекрасен изглед и на тоа како од ден во ден се повеќе и повеќе ја имате онаа убава и позитивна енергија која што малкумина на македонската музичка сцена ја имаат. На што се должи сето тоа и кој е рецептот за сето тоа?
Анета Љумаковска: Секогаш имало љубомора и ќе има, а искрено, нема потреба доволно е секој да си гледа за себе и да си ги носи своите чевли. Така сум воспитана, одгледана и пред се многу се гриќам за себе за да бидам комплетен пејач, и глас и изглед.
Интервјуто го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ