Почетна > Македонија > „Земјо Македонска“ и „Медена гајда“ го обележаа новото „На Здравје“ музичко дружење на Балкан Мјузик

„Земјо Македонска“ и „Медена гајда“ го обележаа новото „На Здравје“ музичко дружење на Балкан Мјузик

///
Comments are Off

Пред само неколку дена, во неделата на 29-ти јуни точно во 20 часот, најгледаната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик, ја емитуваше најновата епизода од омилената музичка емисија „На Здравје“, која и овој пат понуди богата програма и незаборавна атмосфера за љубителите на македонската народна и забавна музика.

Домаќини на емисијата беа веќе добро познатите група Круна, кои ја отворија вечерта со виртуозната изведба на Егејското оро, поставувајќи веднаш енергично темпо за претстојното дружење. Прва на сцената се појави младата и веќе докажана пејачка Ема Јовановска, која заедно со група Круна ја отпеа емотивната и безвременска „Земјо Македонска“ – песна која важи за неофицијална химна на Македонците ширум светот.

По неа, Љупчо Јовановски Бубе внесе уште еден бран емоции со изведбата на „Љиљано моме“, додека популарниот музички двоец Слободан и Кристина заедно со Круна ја отпеаа евергринот „За таа љубов да наздравиме“.

Публиката во студиото и пред малите екрани особено уживаше во живата изведба на Сандра Милковска, која ја претстави својата нова песна „Весела сум невеста“, придружена од видеоспот снимен во соработка со Арт Студио продукција. Музичкото патување продолжи со Дрзман и Пепи и нивната „Си заљубив едно моме“, а потоа следеше еден од најемотивните моменти на вечерта – „Син ми се роди“, во изведба на Орде Неделковски и група Круна.

Младата пејачка Ангела Стевковска донесе романтика со „Те видов тебе и се заљубив“, а Фаворити Бенд ги воодушеви присутните со „Милице моја Милице“. Публиката особено ја поздрави појавата на убавата прилепчанка Елена Јовческа, која со својот глас и харизма ја исполни песната „Фати се Бое“.

Вечерта продолжи со „Ако одам во Битола“ во изведба на домаќините група Круна, по што Марко Трчевски ја оживеа традицијата со „Се собрале комитите“. За крај, вечерта ја заокружи маестралниот Ферки Сакс, чие соло на „Медена гајда“ беше вистински музички бисер – јаготката на шлагот на ова незаборавно музичко дружење.

Следната епизода на „На Здравје“ е веќе закажана за 6-ти јули (недела) во 20:00 часот, повторно и ексклузивно само на Балкан Мјузик телевизија. До тогаш, останете со добра музика, позитивна енергија и македонска традиција во срцето.

На здравје!

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Џамбо Агушев, Дејан Петровиќ и најдобрите од Гуча доаѓаат на 15-то издание на Фестивалот на дувачките оркестри во Пехчево (Фото+Видео)
Татијана Стефановска промовираше нов видеоспот – „Песна е чарето“ доби вистински визуелен сјај (Видео)
Соработката со Balkan Music TV и Арт Студио продукција позитивно искуство за Модерато Бенд од Србија (Фото)
Анета Љумаковска со нова музичка приказна сними нов видеоспот на море – наскоро премиера! (Фото)