Почетна > Македонија > Музика од карантин…затоа што нема запирање!!!

Музика од карантин…затоа што нема запирање!!!

///
Comments are Off

Некои некогаш рекле ”И светот да застане, музика мора да има”…тоа сигурно биле оние што не можат денот да го замислат без неа, а нив фала богу ги има безброј. Но овие денови во мачна изолација сведоци сме дека без музика не можат и оние што ја создаваат и живеат деноноќно со неа…и нив ги има многу. Ова требаше да биде период на “будење” кога  започнуваат пролетните празници, веселбите и турнеите кои носат динамика, големо раздвижување и ширење љубов преку музиката. Но сето тоа ни се “скрати” па затоа некои од нив започнаа со домашни настапи преку социјалните мрежи, што наиде на одличен прием кај обожавателите кои навечер мака мачат со полицискиот час. Оти кога нешто е забрането, уште повеќе го сакаш, нели!!!

Први кај нас ледот го пробија Панчо и Андреј од “ДНК” правејќи онлајн журка во домашен амбиент која беше со воодушевување прифатена кај нивните фанови. Потоа полека полека тоа стана вообичаено за уште многу други, а меѓу нив некако најактивна е нашата поп дива Калиопи. Своите позитивни мисли и смирувачки пораки кон своите фанови таа успешно ги надополнува со прекрасните изведби во живо што наиде на топол прием овде и пошироко на Балканот…

Деновиве голема радост носат и Анета заедно со групата “Молика” кои преку социјалните мрежи комуницираат со многубројните обожаватели од целиот свет. Свесни дека во овој период е невозможно да се остварат сите закажани настапи за кои списокот е секогаш голем, тие решија на овој начин да го развеселат секој дом преку своите песни и музика. Желби секогаш има многу, но “златната” Анета успешно и трпеливо им возвраќа на сите…народно, забавно, брзо или пак бавно, секој ритам е во комбинација…

Српската рок група “Ван Гог” одржа несекојдневен концерт на интернет под мотото “Рокенрол спас у полициски час.” Тие викендов своето дружење со фановите го започнаа во саботата (17:00) и преку музика, разговори, читање и наздравување го завршија во неделата (05:00). Така темпераментниот Ѓуле и колегите го поставија рекордот и по бројните уживатели на нивната музика и по времетраењето на овој посебен концерт. Сега за сега…

Идеи, креативност, посебност има секој ден се повеќе и повеќе меѓу музичарите. Исто како и кај спортистите и тие мораат да ја одржуваат својата музичка кондиција, затоа што набргу сите ќе се вратиме во нормала и на “стариот” живот. И пак ќе го засилиме темпото на животот, ќе немаме време ни за себе ни за другите, ќе се жалиме дека се ни е тесно, малку или невозможно…и тогаш сетете се на овие денови поминати во карантин… и на молитвите!!!

Zosto si me Majko rodila

Posted by GRUPA MOLIKA on Saturday, 28 March 2020