Почетна > Македонија > Со BalkanMusicTv против КОРОНА вирусот…

Со BalkanMusicTv против КОРОНА вирусот…

///
Comments are Off

Наместо да го славиме доаѓањето на пролетта и будењето на природата, празниците што следат и семејните веселби што ќе започнат, се најдовме не сакајќи во домашен карантин. А тој уште не започнат почна да им задава мака на многумина демек како ќе издржиме, па што ќе правиме, па како без дружење и гужви… ама старите рекле  “трпение – спасение”. И нормално секој да помогне како знае и умее, да бидеме малку позитивни и едни со други да се подржиме. Затоа што и ова ќе помине…

Ние ви ја нудиме најдобрата терапија на светот – музиката. Таа е универзалниот лек за сите болки на човекот, таа може да те дигне секогаш од место…да те развесели, да ти го направи денот посебен. Кај нас ќе си го пронајдете и стилот, и јазикот, и хитот што сакате да го слушнете, па секоја обврска ќе си ја завршите полесно. И денот ќе ви мине “како песна”. Истовремено на социјалните мрежи луѓето со ведар дух и вечна позитива постојано ни даваат идеи со што да си го пополниме времето. Нашата шармантна водителка Анита Даева позната по својата љубов кон готвењето, започна со правењето на слатки задоволства. Ама да се знае, рецептите одат заедно со слушање на музика, по можност шоуто “7/8”…

Познатите Панчо и Андреј од “ДНК” за вечер закажаа специјална журка преку ФБ во домашен амбиент. Одлична идеја, нели? Ветуваат дружење, пеење и “шизење” и на тој начин малку забава, за да побегнеме од секојдневието што не притиска. И нема да им биде прв пат како во нешто се први, оргинални или пак хумани. Нивната порака е иста како нашата “Седете дома, бидете изолирани од другите и слушајте музика” (меѓу другото)…

Сите ние сакаме слобода,

слобода да пееме до бескрај…24 часа за Вас – BalkanMusicTv!!!