Почетна > Македонија > Пајак и Слаткар со „Его“ го растопија интернетот – летото конечно стигна (Видео)

Пајак и Слаткар со „Его“ го растопија интернетот – летото конечно стигна (Видео)

///
Comments are Off

Кога Спајдермен и Бетмен ќе си подадат рака, резултатот не е битка, туку – брутален летен хит. Христијан Настески – Пајак и Марко Маринковиќ – Слаткаристика, или како што веќе ги нарекуваат фановите – Spiderman & Batman на македонската сцена, официјално го пуштија во етер новиот сингл „Его“, кој експресно се искачи високо на трендинг листата на YouTube. Комбинацијата на препознатливите стилови на двајцата артисти, придружена со експлозивна продукција и заразен рефрен, ветува едно – ова е саундтракот на летото 2025.

Музиката ја потпишуваат самите Пајак и Слаткар, додека Таско со својот препознатлив touch се вклучува во текстот, правејќи ја „Его“ вистинска урбана химна. Зад аранжманот, миксот и мастерингот стои мајсторот Иван Јованов – Ивајо, кој уште еднаш докажа зошто е еден од најбараните продуценти во регионот.

Спотот, под режисерска палка на Гордан Божиновски и продукција на Урбан Рекордс, е вистинска визуелна бомба – со гламур, енергија и attitude. Главната женска улога ја игра прекрасната Јелена Џимревска од Куманово, која буквално блеска на екран, опкружена со топ моделите на Макс Моделс. Локацијата? Епскиот Скопје Ивент Центар, каде сè беше под контрола на организаторката Верица Донев – Божиновски.

Пушти ја „Его“ на репит и подготви се – ова лето ќе биде во знакот на урбаните херои на музиката!

Може да ви се допаѓа и
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)
Со голем музички спектакл во Хераклеа Борче Наумовски – Министерот ќе одбележи 30 години музичка кариера (Фото)
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)