Почетна > Македонија > Зурли, емоции и ѕвезди – спектакл од музика во најновата епизода на „На Здравје“ (Фото)

Зурли, емоции и ѕвезди – спектакл од музика во најновата епизода на „На Здравје“ (Фото)

///
Comments are Off

Во своето најново 29-то издание од четвртата сезона, омилената музичка емисија „На Здравје“ повторно донесе свежа енергија, македонски звук и незаборавна атмосфера – како секогаш, точно во 16:00 часот на Алфа Телевизија и во 20:30 на музичката Балкан Мјузик телевизија.

Спектаклот започна со моќен звук на зурла и македонско оро, а веднаш потоа со песната „Сестра кани брата на вечера“, се отвори вратата за цела низа од врвни настапи.

Публиката ја почестија бројни музички имиња, меѓу кои Бобан Мојсовски – Мојсо со емотивната „За моја река“, Ирена Наумова со нежната „Што ќе ми живот“, како и младиот Ален Хасановиќ, кој за првпат настапи во емисијата, промовирајќи ја својата нова песна „Фанатик“. Во разговор со Орде, Хасановиќ откри дека ова е втора песна од неговиот нов албум кој наскоро треба да излезе, а работата за најновата песна ја доверил на Милан Раџен и Дивна Миловановиќ, со продукција од Белград.

Следеа настапите на Стојне Николова со „После мене“, Фантази Бенд со традиционалната „Лична Јовано“, како и Сеад Идоли со „Мојот роден крај“. Атмосферата дополнително ја крена Орде со Група Круна и неуништливата „Машала, машала“, додека Ивана Серафимовска внесе емотивен здив со баладата „Свени ми невене“.

Враќањето на Ален Хасановиќ на сцената со „Прости ми душо моја“ беше топло пречекано, а вечерта продолжи со уште талентирани изведувачи: Петар Наумов со „Ако згрешам нека изгорам“, Пантелија Тодороска со „Помисли на мене“, и Игор Андреевски со „Кате, Катерино“.

Како што и доликува, крајот беше резервиран за Група Круна и емотивната „Земјо Македонска“ – химна на сите генерации и песна која го заокружи уште едно прекрасно музичко доживување.

До следната недела, уживајте во убава и квалитетна македонска музика и не заборавајте – нека е „На Здравје“!

Може да ви се допаѓа и
Александра Пријовиќ за првпат го покажа трудничкото стомаче
„Let Us Be“ – Владимир Четкар со ексклузивна концертна промоција во Скопје пред големата светска турнеја
Капетан Кеба во акција: Мини шоу во авион и импровизиран концерт во „Ѕвездите на Гранд“
Бобан Рајовиќ ја слави 25-годишнината со син му како нов менаџер