Почетна > Ексклузивно > Браќа Нуне – промоција за нов инструментал насловен како “Мерак”…

Браќа Нуне – промоција за нов инструментал насловен како “Мерак”…

///
Comments are Off

Научени секогаш да слушнеме по некоја музичка новост што за себе, што за другите со кои соработуваат, браќата Филип и Раде Нунески веќе одамна го имаат сето наше внимание. Креативноста и музиката која ја носат во себе ни го носат најновиот инструментал наречен едноставно и благопријатно “Мерак”. Истото е нивно авторско дело, а заслужни за целиот вкупен производ и музичко уживање се и екипата со која овојпат соработуваа.


Аудио снимката е направена кај нивниот колега Горан Мирковски ,, The Studio”, а за видео записот се погрижи “Арт студио” – продукција.
За таа цел тие ни изјавија: “Благодарни сме на остапениот простор во салата на Македонската опера и балет каде што имавме можност да го снимиме нашиот спот. Благодарни сме и на нашите колеги Светолик Нуневски, Дарко Златковик, Драган Лазев, Дарко Димитриевски, Давор Петковски, Ален Рамчевски за нивниот несебичен ангажман и подршка како за видеото така и за аудио снимката. Се надеваме дека со ова наше ново дело ќе допреме до сите и како магија ке направиме овие звуци да останат во вас!”

Секако….магијата која секогаш излегува од нивните инструменти и овојпат ќе ве освои. За сите нивни верни обожаватели….промоцијата на ова весело видео насловено како “Мерак” ќе се случи во недела (19:00) на You Tube и BalkanMusicTv…не пропуштајте!!!