Почетна > Македонија > Само на Балкан Мјузик телевизија – Празнична програма исполнета со многу македонска музика, радост и традиција (Видео)

Само на Балкан Мјузик телевизија – Празнична програма исполнета со многу македонска музика, радост и традиција (Видео)

///
Comments are Off

Кога целото семејство е заедно, кога верата и духот се спојуваат во едно, кога сите го исчекуваме Христовото Воскресение — тогаш започнува и празничната велигденска програма на Балкан Мјузик Телевизија.

Празничниот маратон започнува во сабота, 19 април, во 13:00 часот, со концертот на извонредната Лени Партикова. Минатата година, под мотото „Корените македонски да не се заборават“, Лени го одржа својот голем солистички концерт во Македонската опера и балет, а сега ни ја носи истата таа енергија и љубов кон македонската песна и традиција.

Во 20:00 часот, продолжуваме со специјална музичка емисија посветена на Групата Круна и нивните пријатели. Во својот автентичен стил, тие ќе ја пренесат својата велигденска порака преку музиката што ја создаваат од срце.

На самиот ден на Велигден, недела, 20 април, единствената музичка телевизија Балкан Мјузик ви нуди целодневна македонска музичка програма за вистинско празнично уживање.

  • Во 13:00 часот започнуваме со прекрасната емисија „Велигденска седенка“, каде што популарната Елена Јовческа и нејзините пријатели ќе не потсетат на македонската традиција. Прекрасниот глас на Елена и звуците на нејзината гајда ќе ве поведат низ светот на македонските народни песни.
  • Во 16:00 часот следува реприза на незаборавното велигденско издание на вашата омилена емисија „На Здравје“ од 2023 година — емисија што го прослави празникот со песни, оро и многу радост.
  • Во 19:30 часот сцената е резервирана за Македонскиот микс за душа, со оригиналниот музички бенд на Браќата Нуне и неверојатната Мими Јовановска. Мими со својот автентичен израз ќе ви донесе македонски народни песни како никогаш досега.
  • Од 20:00 часот, премиерно ќе го емитуваме најновото велигденско издание на емисијата „На Здравје“. Ќе пееме, ќе играме, ќе наздравуваме, и — како што е традицијата — ќе ги скршиме велигденските јајца во чест на Христовото Воскресение!

Празничната програма продолжува и во понеделник, 21 април, со специјалната музичка емисија посветена на Групата Модерато. Нивните песни и преработки на познати македонски композиции ќе го заокружат велигденското славје на најубав можен начин.

Со внимателно избраната и богато осмислена македонска музичка програма, Балкан Мјузик Телевизија и оваа година ќе ги спои семејствата, ќе внесе радост во домовите и ќе го зачува духот на македонската песна и традиција.

Веруваме дека и овој Велигден најубавите моменти ќе ги споделите токму со нас!

Може да ви се допаѓа и
Бендот што не мирува: „Адреналин бенд“ со експлозија на проекти во 2025 (Фото)
Валандово во ритамот на македонската песна: Се ближи 38-то издание на Фолк Фест Валандово (Фото)
“На Здравје” со велигденско доживување кое ќе ги остави гледачите без зборови (Видео)
Празнична музичка магија со концертот на одличната Лени Партикова – оваа сабота ексклузивно на Балкан Мјузик (Видео)