Почетна > Македонија > Романтичен концерт на Блаж Маротов во Македонската филхармонија

Романтичен концерт на Блаж Маротов во Македонската филхармонија

///
Comments are Off

По повеќегодишно музичко патување исполнето со љубов кон уметноста и истражување низ различни жанрови, реномираниот пејач и автор Блаж Маротов најавува ексклузивна концертна вечер која ветува незаборавно музичко доживување.

На 22 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи романтичен концерт со оригинална авторска музика, придружен од неговиот бенд и специјални музички гости. Настанот ќе биде интимно патување низ емоции, звуци и приказни, каде покрај сопствените композиции, ќе бидат изведени и добро познати песни од македонскиот и поширокиот балкански простор.

„Иако живееме во време на предизвици и неизвесност, мојата желба е да ѝ подарам на публиката вечер исполнета со љубов, топлина и убава музика за сите сетила – токму по Велигден, кога сите сме во духот на обновата и светлината“, вели Блаж Маротов.

Овој концерт не е само уште една музичка вечер – тоа е прослава на креативноста, автентичноста и емоционалната врска што Маротов ја гради со својата публика повеќе од една деценија.

Поканети се сите љубители на македонската песна, на добрата музика и на живиот звук. Настанот во Скопје е само вовед во малата концертна мини-турнеја, која продолжува на 24 април во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.

Билетите се достапни на mktickets и во Розе Веро. Не пропуштајте вечер која ќе ги стопли срцата.

Може да ви се допаѓа и
Кога музиката ги обединува генерациите – незаборавен фестивалски викенд во Пехчево
По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)
Ова лето патувајте безгрижно со Crvo Express – луксузни одмори во Грција и Бугарија по најповолни услови (Фото)
Таму каде што музиката создава спомени: Не пропуштајте го новото издание на „На здравје“ (Видео)