Почетна > Македонија > Ориенталниот сјај на Македонија – Елена Вукановска на најголемиот европски фестивал во ориентален танц

Ориенталниот сјај на Македонија – Елена Вукановска на најголемиот европски фестивал во ориентален танц

///
Comments are Off

Македонската и балканска кралица на ориенталниот танц, Елена Вукановска, ќе ја претставува Македонија и Балканот на престижниот фестивал „Ориентален маратон“ во Франција. Од 22 до 25 мај, во градот Ле Гро ду Рои, Вукановска ќе настапи рамо до рамо со најголемите светски имиња во ориенталниот танц и ќе биде дел од жирито во натпреварувачкиот дел.

Чувството е непроценливо – да се биде амбасадор на својата земја и да се дели сцена со врвни уметници во оваа грандиозна уметност,“ вели Вукановска. Поканата ја добила лично од организаторката на фестивалот, Шерон Месгвич, и египетската легенда, Ранда Камел – што претставува огромна чест и признание за нејзината посветеност.

Фестивалот ќе донесе светски реномирани танчери како:

  • Ранда Камел (Египет) – икона на ориенталниот танц
  • Тито Сеиф (Египет) – водечки машки ориентален танчер
  • Дарија Миќевич (Украина) – млада ѕвезда и врвен инструктор
  • Јаел Зарка (Франција) – уметница со префинет стил
  • Ваел Мансур (Египет) – експерт за египетскиот танц

Покрај натпреварувачките категории (професионалци, аматери, фолклор, деца, групи, тарабука соло), фестивалот ќе понуди и базар со костими и реквизити за љубителите на ориенталната уметност.

На прашањето дали сличен настан би можел да се организира и кај нас, Вукановска за Балкан Мјузик телевизија открива:

Веќе работиме на проект кој ќе донесе светски имиња од ориенталниот танц и во Македонија. Нашата земја заслужува ваков престижен културен настан“.

Со повеќе од 15 години искуство, како единствената интернационално сертифицирана инструкторка за ориентален танц на Балканот, Вукановска докажува дека талентот, трудот и визијата го поместуваат Балканот на светската сцена.

Може да ви се допаѓа и
Наздравуваме со македонската естрада: Балкан Мјузик ТВ со спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски ѕвезди во празнично издание (Видео)
30 години „Биоритам“: Нови снимања, нов вокал и концертна година во најава (Фото)
Традицијата повторно оживува: Со нов албум и спектакуларен концерт Лени Партикова го најавува проектот „Горда сум Македонка“ (Фото)
Весело, гласно и со стил: Новогодишна еуфорија во „На Здравје“ – последна епизода за 2025-та на Балкан Мјузик тв (Видео)