Почетна > Македонија > Александар Ицов повторно со најава за нов музички проект…

Александар Ицов повторно со најава за нов музички проект…

///
Comments are Off

Александар Ицов не мирува. Познатиот и реномиран мулти инструменталист после успесите постигнати со издавањето на албумот со видео записи од македонски ора, од кои некои се хитови и се емитуваат по музичките емисии кај нас и на Балканот и по издавањето на неговата книга “Гајдарската традиција во Радовишко, чија промоција се случи во месец мај, во моментов забрзано работи на нов проект насловен како “Александар Ицов и пријателите”. Истиот интензивно го работи со снимање на македонски народни песни во изведба на познатите музички ѕвезди Спасен Силјаноски, Елена Велевска, Тихи Ампов и Христијан Божинов.

Проектот со аудио и видео записи е составен од сплет на неколку познати македонски песни, а истиот трае 16 минути. Целиот аранжман ќе биде дело на музичката продукција “Sity Sounds” од Скопје. Ако се земе во предвид целата екипа која работи и соработува со Александар Ицов, можеме со сигурност да кажеме дека неговите фанови и фановите на неговите пријатели во проектот, како секогаш со нетрпение ќе го очекуваат појавувањето и на овој нов видео материјал. А во меѓувреме, м-р Александар Ицов сето свое знаење и талентираност за повеќето инструменти продолжува да го пренесува на своите ученици…своите ора секогаш со задоволство ги дарува на публиката која знае да ужива кога се во прашање вистинските мајстори на својот занает…и сигурно веќе има нови идеи за блиската иднина. Во исчекување на целосно реализираната замисла, уживаме во веќе познатите изведби на Ицов.