Почетна > Македонија > “Мега бенд” со мега весел музички проект

“Мега бенд” со мега весел музички проект

///
Comments are Off

Момчињата од популарниот “Мега бенд”, под ,,палката,, на
хармоникашот маестро Јовче Петковски, снимија одличен проект со
познати македонски народни свадбарски песни.

‘’Ти донесов млада невеста”, “Свадба македонска”, “Ајде куме заиграј”, “Китен девере”, се само дел од нумерите.

На албумот со осум композиции, специјален гостин е пејачката Зуица Лазова со песната “Абре Боби, Боби”, хит од едно поранешно издание на фестивалот “Цветници”.

Албумот истовремено е и промоција на новата песна на нивниот
вокалист Бобан Велјаноски, насловена како “Без тебе ме нема”.
Аранжманот и музиката е на Јован Василевски, текст на Бобан
Велјановски.