Почетна > Македонија > Малку време и за себе – Анета и група “Молика”…

Малку време и за себе – Анета и група “Молика”…

///
Comments are Off

Тие се добредојдени каде и да појдат, тие имаат пријатели на сите четири страни од светот, тие имаат армија обожаватели кои со полно срце ја слушаат и уживаат во нивната музика…тие се група “Молика”. Со живот “на тркала” и нескротлив ритам кој постојано те тера да им ја дариш радоста на луѓето преку музиката, тие стигнаа до секое место со “абер” пред се за македонската песна. Гласот на наша Анета никого не остава рамнодушен, ја поткрева кожата, ја разбранува душата и секаде, ама баш секаде ги остава сите со подотворена уста и мисла…“боже, зар песната има таква моќ”. Има, кога ќе ти ја подари оној кој се родил со таков “ксмет”, кој ги отвора сите порти зад кои секогаш со истата радост те чекаат твоите верни обожаватели.

Помеѓу сите настапи, гостувања и патувања понекогаш мора да се најде време и малку за себе. Па така, на повидок е нов видео запис на групата Молика за песната “Дари ми љубов”. Комплетен автор на истата е Далибор Даки Ѓошиќ кој досега се покажа како успешен автор како за себе, така и за другите колеги музичари. Замислата за оваа љубовна нумера се осмисли и реализира на сцената во Центарот за култура во Битола, сето тоа во соработка со “Арт студио” – продукција.

Кога ќе се соберат на едно место амбиентот, шармот на групата и елегичниот глас на нашата Анета Мицевска, може слободно да кажеме дека во скоро време не очекува песна и видео запис во кој ќе уживаме со сите свои сетила. До негова промоција, за крај можам слободно да ја повторам својата дамнешна мисла кажана за нив – “Жигосани” да љубат преку музиката…Анета и група “Молика”!!!