Почетна > Македонија > Александар Ицов со промоција на својата книга “Гајдарска традиција во Радовишко”…

Александар Ицов со промоција на својата книга “Гајдарска традиција во Радовишко”…

///
Comments are Off

ГАЈДА – народен музички дувачки инструмент;

ГАЈДАЏИЈА – човек кој свири на гајда и има големо влијание во одржувањето на автентичната вокална, инструментална и играорна традиција;

Александар Ицов е наш познат инструменталист кој успешно владее со неколку инструменти и тоа…хармоника, гајда, зурла, тамбура и кавал. Ако го запрашате кој инструмент најмногу му лежи на срце тој ќе каже…”Оние кои ме гледаат од страна велат дека најубаво ми прилега гајдата. Морам да признаам дека и јас така се чувствувам кога ја имам во своите прегратки, нејзините звуци допираат и до моето срце и до мојата душа”. Поттикнат од таа своја љубов кон овој народен инструмент, Александар ја промовираше својата прва книга од ваков вид насловена како “Гајдарска традиција во Радовишко”. Истата се случи во ОНБ “Браќа Миладиновци” во Радовиш во склоп на Саемот на книги кој што се одржа од 16 – 20 мај. Како најголема подршка, главен гостин и промотор на настанот присуствуваше нашиот познат професор и инструменталист Драган Даутовски, како и колегата професор Томе Постолов кој воедно е и лектор на книгата. Во истата се опфатени многу работи и области започнувајќи на почетокот со принципите на изучување на гајдата….се со цел да се остави еден белег бидејќи традицијата и културата укажуваат кои сме и од каде потекнуваме. Истовремено се дава апел до помладата генерација да се зачува традицијата и народните инструменти, за кои Александар искрено се радува дека често пати се барани и застапени на семејните веселби. Важно е да се спомене дека книгата изобилува и со многу фотографии кои се собрани заедно со истражувачите со кои тој соработуваше.

Истовремено Александар Ицов го промовираше и двојното CD кое се состои од неговиот прв албум насловен како “Николова единаесетка” и DDV во кое се собрани сите живописни видео записи за истите композиции. И тоа не е се, неуморниот Александар најавува нов музички проект составен од народни традиционални песни и во соработка со неколку еминентни музички имиња. Исто така планира од септември да запише и докторски труд за кој ќе биде потребно подолго време истражување и обработка, но тука е неговото мото кое го води напред во животот…”Целите секогаш треба да се поголеми”!!!