Почетна > Ексклузивно > Дуото “Миле и Нено” со прва авторска песна…

Дуото “Миле и Нено” со прва авторска песна…

///
Comments are Off

Миле Ѓорѓески и Ненад Вукојичиќ познати во јавноста како дуото “Миле и Нено”, премиерната изведба на своето првенче “Песна наша” ја имаа во популарното музичко шоу “7/8” на BalkanMusicTv. Во разговорот со водителката Анита Даева, Миле откри дека текстот го напишал за многу кратко време, а за музиката малку му помогнал и неговиот колега Нено. Аранжманот пак го изработил Љупчо Бубе Соколовски каде е снимена и песната (City Sound). Истата е со лесен и певлив текст што била и основната цел на двајцата колеги музичари…брзо да “влезе во уво” кај слушателите и секако да им се допадне.

Миле и Нено соработуваат и настапуваат веќе подолго време заедно и тоа воглавно во Тетово и околината. Освен на гитара и клавијатури (хармоника), по потреба настапуваат и со тамбури и виолина, имаат состав и за свадби и во нивниот репертоар може да се сретне секаков вид на музика.