Кога ќе ти се наредат ѕвездите онака како што си посакувал, тогаш ти си среќен човек. Кога среќата ќе се слее од сите страни кон твојот дом, тогаш ти си оној што сака среќата засекогаш со тебе да остане. Кога на едно место ќе се сретнат љубовта, музиката и среќата тогаш твојот живот добива една нова необјаснета димензија.
Е ова последното му се случи и на нашиот музички пријател Ташко Каранфиловски кој вчера на денот на промоцијата за новиот видео запис, ја доби и својата ќеркичка. А песната со наслов “Голем мерак” токму како за тој повод…весела, во пријатно друштво и опкружување, со убави мисли и пораки. И одлично му прилега на Ташко, што би се рекло како напишана за него. Екипата која е заслужна за целокупниот музички проект е…Борче Нечовски (текст), Дејан Момировски (музика/аранжман), “Арт студио” – видео продукција, “Астра бенд” – музичка придружба, статисти од модното студио “Шанел” од Битола…сето тоа снимено во пријатниот амбиент на познатиот ресторант “Две лири” во Ресен. Песната со својот весел ритам ни доаѓа како едно вистинско музичко освежување во пресрет на новогодишните празници. Искрено посакуваме секој да има некаков повод за веселба и дружење пропратено со музика, токму како нашиот Ташко Каранфиловски кој дарувајќи љубов преку музиката, ја доби назад сета љубов спакувана како најскапоцен подарок на светот. Нека е само за убаво!!!