Почетна > Ексклузивно > Нов видео запис на прекрасната Елена Андоновска…

Нов видео запис на прекрасната Елена Андоновска…

///
Comments are Off

Со колку зборови би можеле да ја опишеме убавината на македонската песна…со колку зборови би можеле да ја опишеме убавината на женскиот милозвучен глас кој ја изведува истата и светлоста на женскиот лик што ја надополнува. Веројатно со сите можни зборови што постојат и притоа пак ќе заклучиме дека се премалку. Затоа што македонската песна секогаш звучи убаво, на моменти нежно, на моменти моќно, а понекогаш толку разиграно…како новиот видео запис на Елена Андоновска за песната “Сношти појдов мила мамо на седенка”.

Ако минатата “Мори деј Невено” беше малку подзаборавена песна, сегашната “Сношти појдов мила мамо на седенка” нема кој не ја слушнал и знае. Ако минатата беше испеана во чест на незаборавната Вања Лазарова, сегашната песна наша Елена и ја посвети на “великата” Васка Илиева. А тимот кој што победува не треба да се менува, па така за беспрекорниот звук и убаво раскажаната видео приказна се погрижија истите соработници и тоа…Ангел Ќосев – студио ПОДРУМОТ (музичка продукција), Дарко Илиевски (аранжман/пијано и хармоника), Александар Јовевски (кавал, тамбура), Илија Филиповски (виолина), Марјан Андоновски (ударни инструменти), Филип Николовски (акустична гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Фросина Мариноска и Мартина Костова (придружни вокали) и “АРТ студио” (видео продукција). За да се покаже богатството и единственоста на нашите народни носии повторно беше побарана уметничка соработка од професорот Владимир Јаневски. Покрај Елена во спотот како статисти се појавуваат Стефанија Маневска и Кристина Пецовска, при тоа достојно носејќи ги истите тие носии на кои секогаш сме толку горди.

Да го започнеме месец декември со позитивни мисли, исполнети денови со музика и надеж дека годината што ни доаѓа, ќе ни донесе уште повеќе распеани ноти за наше потполно духовно исполнување…заедно со македонската традиционална музика и на начин како што секогаш посебно и успешно тоа го прави нашата прекрасна Елена Андоновска.