Вечерва ќе пуштиме слободно музички да тече 41-то издание од популарното музичко шоу “7/8” кое на едно место ќе ни донесе повторно многу музика, а дел и разговори и забавни моменти со нашите драги гости:
-Бојана Скендеровска – поп пејачка и водителка која својата кариера ја започна во 2003 година со учество во телевизиското шоу “Плеј – потрага по ѕвезди”, а истата година ја однесе и победата на познатиот наш фестивал “Макфест”, креаторка на емисијата од музичко – забавен карактер “Улица Македонија”, со својот сопруг Васко сопственици на продукциската куќа “Скендеровски”, вечерта ќе ја отвори со својот сингл “Круна” посветен на своите најмили…
-Раде и Филип Нуневски – познати наши инструменталисти на труба и саксафон, секогаш неразделни во она што го работат, музички добро потковани со секаков вид на музика, функционираат како “Нуне бенд” и како такви настапија оваа година на престижниот фестивал во Нови Сад “EXIT” и “Бендот на браќата Нуне” со кој се познати по нашите свадбени и друг вид веселби, извесен период имаа чест да бидат и дел од тимот на Есма Реџепова, Раде веќе две години среќно оженет со Ивана, а Филип среќно верен и во најава “оженет” со пејачката Мими Јовановска…
-исполнето студио со насмеани лица и мноштво звуци заедно со познатиот Војче Петрушев (група “Маестро”) и неговите ученици од Школото за хармоника “Петрушев”, тука присутни само дел од нив и тоа од 12 до 32 – годишна возраст сите со една заедничка љубов кон хармониката и македонската народна музика, ќе ни се претстават со “Моминско оро” од маестро Милан Завков и “Чачак” како поздрав до многубројните наши гледачи од соседна Србија…
-секогаш неразделни од нас – Анета, Јовица и група “Молика” со свој избор на песни од нивниот богат и шаренолик музички репертоар, секогаш под будното око на маестро Зисо Пуровски…
Четврток 20 часот…минути за вас и нас – музичко шоу “7/8” заедно со Анита Даева и позитивата што секогаш ја носи со себе…се гледаме!!!