Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Верица Пандиловска, Филип Пешевски и Катерина Кајсторовска…

“7/8” со Верица Пандиловска, Филип Пешевски и Катерина Кајсторовска…

///
Comments are Off

Сакаме музика и на неа и оставаме најмногу простор во нашата емисија, ама сакаме кога ќе се “измешаме” и со гости од некои други професии за да ги слушнеме нивните згоди и незгоди. И токму вечерва можеме слободно да кажеме…врзете се, полетуваме и за момент “прелетуваме” низ животите на вечерашните наши гости…И тоа:

-Верица Пандиловска – позната по своите музички хитови од златното време на македонската музичка сцена во 90-те години, максимално присутна на тогашните свирки и настапи низ целата земја, а во последните години само со музиката во срце затоа што работи како едукатор по неформално образование за што ќе добиеме темелно објаснување во текот на разговорот…

-Филип Пешевски – апсолвент на Музичката академија во Скопје, еден од ретките кој својата шанса за градење на кариера не ја гледа преку учество на музичките избори и натпреварувања овде и во регионот, тивок, сталожен и со многу прашања за “купот” нелогичности со кои се среќава во секојдневниот живот, затоа што ја сака и народната музика ќе ни ги запее “Не кани ме” и “Ој Вардаре Македонски”…

-Катерина Кајсторовска – единствената жена капетан пилот во нашата ни убава Македонија која ќе ни раскаже за својот долг, упорен и не така лесен пат кон својата омилена професија, личност со многу приказни од кои за жал ќе слушнеме само мал дел меѓу кои и онаа дека нејзиниот најдолг лет во кариерата и бил на релација Доха – Хјустон во траење од 17 часа, ја сака музиката посебно рокот и сака да танцува…

-Музички гостин за вечерва – Саит Идоли кој ќе ни ја исполни својата “Свадбарска”, песна барана на неговите свирки и веселби…

-во улога на гостин – нашиот домаќин маестро Зисо Пуровски кој ќе ни се претстави со “Ружино оро” и “Македонска игра” кои се дел од новиот проект “Еден автор многу ора” на универзитетскиот професор, хармоникаш и композитор Гоце Џуклески…

-расположени за песна и музичка придружба – Анета и група “Молика” со својот избор на песни…

Вечерва 20 часот…фреквенција BalkanMusivTv…време кога се гледа телевизија и се одбира тоа што најмногу релаксира…музика!!!