Почетна > Македонија > Елена Наумова со нов видео запис кој ќе ви го згрее срцето…

Елена Наумова со нов видео запис кој ќе ви го згрее срцето…

///
Comments are Off

Песните кои говорат за љубовта, радоста кон животот и она што тој ни го пружа, среќата дека постоиме и можеме да подадеме рака кон благодетите од природата, опкружувањето од најмилите и оние што ни даваат секогаш сила….тоа се песни кои не подигаат при првото слушање и носат тивка блаженост која ги буди сите наши сетила.

Сето ова ни го носи новата песна и видео запис за песната “Сонце ме грее” на младата и талентирана Елена Наумова од Штип. Истата беше изведена на овогодинешниот “Макфест 2021” со рефрен кој веднаш “влегува во уво”, лесно се памти и постојано се потпевнува. Текстот го напиша Весна Малинова, музиката и аранжманот се на Александар Јовевски, аудио – Анѓел Ќосев (Подрумот), а видео записот го одработи ИН Продукција со кадри од повеќе локации во околината на сончевата Демир Капија. Младата Елена преку испеаните стихови зрачи како со својата убавина, така и со нишка срамежлива љубов, бескрајна среќа и полетност која може да ти ја дадат само годините…а тие допрва се пред неа.

И да…талентот е нешто што ти е вродено, што се наследува и нешто од што не може да се побегне. Па така зад нашата талентирана Елена Наумова стои професорот по музика Лазар Наумов кој предава во ДМУЦ “Сергеј Михајлов” во Штип и е клавијатурист на познатата фолк група “Бумбари”….горд татко затоа што неговата млада ќерка успешно чекори по неговите стапки и која до сега се има закитено со многу награди и признанија од кои ќе го издвоиме последното за кое Лазар реагираше со зборовите… “Утрото за родителот и не може да биде поубаво, кога твоето дете на еден од најреномираните меѓународни натпревари Rocky Mountain Winter Popular and Jazz Music Festival во Канада во конкуренција од преку 300 учесници од цел свет ќе се закити со 1 (прво) место во нејзината категорија. Честитки срце татино, браво гордост наша, гордо да чекориш по патот на успехот…МОЈАТА ЗАМЕНА!